Еден од највлијателните британски диџеи и музички продуценти Andrew Weatherall почина денеска на 56 години.
Тој стана познат за време на ерата на есид хаус музиката, а во својата богата кариера соработуваше како продуцент и ремикс автор со бендови како New Order и Happy Mondays.
Станува збор за музичар кој ќе остане запаметен како легенда на британската и светската електронска музика.
Фото/Видео:Guardian/Youtube/Strongbow199
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.