еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Почина ѕвездата од серијата „Пријатели“, Метју Пери

На 54-годишна возраст почина американскиот актер Метју Пери, најпрепознатлив по улогата на ликот Чендлер Бинг во популарната серија „Пријатели“.

Американските медиуми пренесуваат дека тој бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Роден е во Масачусетс во 1969 година, а пораснал во Отава, Канада. Како тинејџер се преселил во Лос Анџелес каде имал неколку улоги во телевизиски серии.

Светска слава ја стекна со „Пријатели“ каде глумеше лик со саркастичен хумор. За улогата доби номинација за престижната награда Еми во 2002 година.

Серијата „Пријатели“ која ги следеше животите на шест млади пријатели кои живеат во Њујорк се емитуваше од 1994 до 2004 година. Последната епизода во САД ја гледаа 52,5 милиони луѓе што е најгледаната ТВ епизода во 2000-тите.

Фото: NBC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес во Тајван

Редакција

Мјанмарската хунта на 4 години затвор ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи

Редакција

Повеќе жени меѓу новозаболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција