еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почнуваат со работа модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ и три тријажни центри

Од денеска почнуваат со работа модуларната болница до Клиниката за инфективни болести, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“, еден дополнителен тријажен центар на Институтот за ТБЦ и два тријажни центри во рамките на Здравствениот дом, веројатно тоа ќе бидат поликлиниките „Јане Сандански“ и Ѓорче Петров. Направен е распоред на лекарите и согласно тој систем на постојана комуникација која ја имаме ќе бидат препраќани пациентите со цел да им се даде соодветно болничко лекување.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека евидентно е дека и понатаму расте бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19, а се зголемува и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

– Најголем притисок има во болниците во Тетово и во Гостивар, во Струга исто така се засилува. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар 70 пациенти, нивните интерни инфективни одделнија се со исполнет капацитет и имаат простор за уште неколку дополнително делови од одделенијата.

Болницата во Лешок е полна со пациенти на кои им е потребен прием и согласно тоа утрово направивме координација во однос на тоа каде да се праќаат пациентите.

Викендов имаше голем притисок како од тие градови, така и тука од Скопје во однос на Клиниката за инфективни болести и Институтот за тубекулоза, и тие капацитети се целосно исполнети, рече Филипче.

Потенцира дека вакцинацијата добро се одвива после најавените мерки, што, според него, е добар сигнал.

– Верувам дека истите трендови ќе продолжат. Минатата недела имаше денови кога достигнавме до бројка и до 8.000 граѓани кои се пријавија да примат прва доза вакцина. Некаде 50.000 вакцини се дадени минатата недела, верувам дека тој тренд ќе продолжи, за да со забрзано темпо се зголемува опфатот со вакцинација, која изнесува 35 проценти на територијата на целата држава.

Процентот на вакцинирано население над 70 години од 63 порасна на 70 проценти и на граѓаните над 50 години од 45 до околу 50 проценти. Гледаме дека има голем број пациенти во градовите каде опфатот со вакцинација е понизок.

Во градовите каде има висок процент на вакцинирани, Охрид, Битола, Штип, нема пациенти во болниците, што верувам дека и натаму ќе остане така, истакна Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нестабилното време ќе продолжи до сабота

Редакција

НАТО ќе користи „македонски јазик“ откако ќе заврши преспанскиот процес

Редакција

Димитров: Законот за ЈО и „Рекет“ клучни за старт на преговорите со ЕУ

Редакција