еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Поддршка од Кипар за европската перспектива на Македонија

Поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и надеж дека во следните седмици ќе има добри вести, изрази министерот за надворешни работи на Кипар, Никос Христодулидис, за време на Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел заедно со вицепремиерот Никола Димитров и алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Можеби сме мала земја-членка, но на крајот на денот имаме глас исто како и Германија, Франција и поголемите земји-членки на Европската Унија и секако се брои гласот на Кипар.

Јас сум многу загрижен дека како Европска Унија го губиме кредибилитетот на Балканот, зборуваме за геополитичка Европска Унија, но споредено со другите геополитички актери, гледаме дека ја губиме играта.

Затоа се надевам дека во следните седмици ќе биде можно да имаме позитивни вести во однос на Северна Македонија, но и општо за регионот, рече Христодулидис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Редакција

По шест месеци од пожарот во модуларната болница во Тетово, Обвинителство е во фаза на анализирање на сите прибрани докази

Редакција

Шилегов: Кој е овде луд со случајот со „Дрисла“?

Редакција