еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Поддржан и дополнет предлогот за отпис на каматите од долгови

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска едногласно даде поддршка за предлог-законот за отпис на камати од долгови на граѓаните кон претпријатија кои извршуваат јавни и комунални услуги.

Комисијата ги дополни основите за отпис на камата и за радиодифузна такса, предлага донесување генерална одлука од оние кои имаат побарувања од граѓаните во рок од десет дена и намалување на трошоците кон нотарите, адвокатите и извршителите на 20 проценти.

Тоа е содржано во амандманските дополнувања на предлог-законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, што ги усвои денеска собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Измените на овој предлог закон, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии, произлегле од јавните расправи.

Со амандманите се предлага за отпис на камати да се важат и предмети кои се водат за долгови за радиодифизна такса, што било испуштено да се стави во предлогот поради тоа што таа е веќе укината.

Исто така, се предвидува сите јавни претпријатија или приватни компании кои вршат вакви услуги да донесат генерални одлуки дали го прифаќаат отписот на камати за долгови што граѓаните ги имаат кон нив.

Потоа граѓаните ќе можат во период од 12 месеци да го платат долгот и трошоците кон нотарите, адвокатите и извршителите, кои пак сега се намалуваат на 20 проценти, и потоа да им бидат деблокирани сметките доколку поради извршните решенија им биле блокирани.

Со предлог-законот се предвидува отпис на камати за долгови во период од 26 мај 2006 до јули 2011 година. Законот треба да почне да се применува по донесувањето, односно по објавувањето во Службен весник.

Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, во прво читање Собранието го усвои кон крајот на јуни. На почетокот на септември расправата во второ читање на оваа комисија беше одложена за да се вградат предлозите што произлегле од јавните расправи.

Предложениот закон предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти

Редакција

Цените не се намалени согласно нашите очекување, следната недела дополнително ќе се прошири одлуката, вели Бектеши

Редакција

Ќе се замрзнат и цените на тестенините и млечните производи, владина одлука се очекува денеска

Редакција