еМагазин
Image default
Локално

Поднесено обвинение за лихварство и изнуда, позајмил 20.000 евра барал да му вратат 120.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1, како и oбвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело – лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик.

„Вториот обвинет, на возраст од 25 години, на почетокот на 2019 година му дал услуга на едно оштетено лице, при што за себе договорил несразмерна имотна корист. Притоа, обвинетиот ја искористил тешката имотна состојба, недоволното искуство и лекомисленоста на сведокот-оштетен, па му позајмил 20.000 евра со каматна стапка од 10% на месечно ниво. Парите на оштетениот му биле потребни за да намири семејни долгови на неговиот татко.

Посредник за зајмувањето и примањето на парите бил првиот обвинет, лице на возраст од 28 години. Откако оштетениот не можел навреме да го врати заемот, тој обвинет од септември 2019 година до 18 ноемрви 2019 година употребувал сериозни закани кон него и кон неговата мајка за да ги принуди да му дадат вкупни парични средства во износ од 120.000 евра.

Исплашена за животот на нејзиниот син, мајката се сретнала со првиот обвинет во кафуле во еден трговски центар во Скопје и му предала 60.000 денари. Откако ги зел парите, тој веднаш бил лишен од слобода од страна на полициските службеници,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет за кого постои опасност од бегство, но и оправдан страв дека тој би можел да го повтори делото, со оглед на тоа што неговите односи со оштетените се уште не се расчистени, а тој и во неговиот исказ пред јавен обвинител продолжил да инсистира оштетените да ги вратат парите со лихварска камата.

За вториот обвинет на сила се претходно определените мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната или друга исправа за поминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и забрана за приближување и одржување контакт со оштетените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец тешко повреден од струен удар

Редакција

Кумановец почина откако со автомобил удрил во паркиран автобус

Редакција

Во Скопје 528 санкционирани возачи во текот на вчерашниот ден

Редакција