Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Ц.К.(25) од село Волкодери, ресенско за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење на работи на безбедноста“ и против Е.Б.(36), Џ.Ш. (31), С.К.(30) и О.Ф.(24), сите од Ресен за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“, информира МВР.
На 28.08.2018 година околу 03,15 часот пред ноќен клуб во Ресен при преземање мерки во врска со нарушен јавен ред и мир, полициските службеници од Полициска станица Ресен биле, физички нападнати од Ц.К. од село Волкодери, а додека истите го приведувале, четворицата пријавени физички ги нападнале полициските службеници, при што полицискиот службеник во знак на предупредување од службениот пиштол испукал проектил во воздух.