еМагазин
Image default
Локално

Полицајци се степале во Кривогаштани, објавено и видео

За Велигден во прилепското село Кривогаштани се степале полицајци.

На социјалните мрежи е објавено и видео, а случајот го потврди и МВР.

„Околу 04:45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полицајци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, информираше СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

72-годишник од Битола во неговиот дом полово нападнал девојче

Редакција

Сите детали: Кривични пријави против три угостителски објекти на охридското крајбрежје

Редакција

Тешко повредена малолетничка од Скопје по удар од возило

Редакција