еМагазин
Image default
Техно

RoboMac 2023”, ќе се одржи по 11 пат, од 8 до 13 мај

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2023”, кој ќе се одржи по единаесетти пат во периодот од 8 до 13 мај.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во тимови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: RoboArm Challenge, ChatBot Challenge, Colour Coded Challenge, Self Racing Cars, AI Agents. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 13.5.2023.

За дополнителни информаци за категориите посетете ја официјалната страна и инстаграм профилот на robomac.mk.

RoboMac е организиран од Студентскиот огранок на УКИМ при Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Линк за регистрација forms.gle.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Познати наградените на „Робомак“: Роботизирани раце, сфери и што уште не од младите научници

Редакција

(Видео) Патници на „Вирџин Галактик“ патуваа во вселената, останаа таму неколку минути

Редакција

(Фото) Кинескиот ровер Журонг испрати селфи од Марс

Редакција