еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Патници на „Вирџин Галактик“ патуваа во вселената, останаа таму неколку минути

Компанијата на Ричард Бренсон, „Вирџин Галактик“ вчера успешно ги испрати првите туристи во вселената, кои таму се задржаа пет минути.

Патници на летот беа Џон Гудвин (80), поранешен британски олимписки кануист, кој уште пред неколку години си купил карта, Кеиша Шахаф (46), тренер за здравје и благостојоба и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), која е студентка по филозофија и физика, кои карта за летот добија на лотарија.

Тие станаа првата мајка и ќерка кои патувале во вселената.

Освен што ја видоа Земјата од вселената, тие накратко и лебдеа во бестежинска состојба.

Оваа беше втор комерцијален лет на компанијата.

По успешниот лет и компанијата на Бренсон ќе започне да нуди месечни патувања во вселената, придружувајќи им се на “Блу Ориџин“ на Џеф Безос и “Спејс Икс“ на Илон Маск.

Фото/видео: „Вирџин Галактик“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

8 хоспитализирани, 17 со претходни заболувања, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Редакција

Ќе влезе ли и Рамковниот договор во Преамбулата со промената на Уставот

Редакција