еМагазин
Image default
Локално

Полицаец од Скопје се повредил чистејќи го службениот пиштол

Полициски службеник од селото Инџиково утрово се здобил со повреда при чистење на службен пиштол, соопшти МВР.

– Утрово околу 03:00 часот во куќа во селото Инџиково, Скопско. А.С.(24), полициски службеник, при чистење службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, посочуваат од МВР.

Оттаму информираат дека известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен велешанец кој избегал од затворот во Штип

Редакција

Лажни вести за киднапирање деца во Гевгелија

Редакција

Беровчанка ангажирала рекетари од Грчец за да изнуди илјадници евра од скопјанец

Редакција