Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров вршеле проверка на возила на граѓани во врска со извршено кривично дело, а меѓу нив и возилото на пратеникот Горан Манојлоски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник.
Вака го појаснија од МВР за МИА случајот со пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Горан Манојлоски кој утрото бил запрен и неговото возило било претресено од страна на полицијата, по што тој одби да учествува на денешните седници на собраниските комиси, меѓу кои и на Комисијата за труд и социјална политика.
– По извршена проверка, на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми, посочуваат од МВР.
Инаку, заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ