еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хронологија на настаните во Цетиње: Се води истрага дали убиецот починал од ранување од полицаец или во него пукало друго лице

Црногорската полиција објави соопштение во кое ја објасни хронологијата на настаните како се случил масакрот на Цетиње од страна на 34-годишниот Вук Бориловиќ.

„Од до сега спроведената истрага, вклучувајќи ги и изјавите, околу 15.30  В.Б (34) извршил телефонски разговор со друго лице, чиј што идентитет нема да го откриеме во интерес на истрагата.

Меѓудругото, на лицето му соопштил дека во сопствената куќа го убил семејството кое биле подстанари, односно две малолетни деца. На овој разговор претходел уште еден разговор,“ се вели во соопштението.

Полицијата информира дека тој кон полициските службеници испалил околу 20 проектили, при што еден полицаец е ранет во пределот на главата.

„Еден од проектилите кој е испален од страна на полицајците го погодил В.Б и тешко го ранил при што пукањето престанало. Ова го потврдува и изјавата на сведокот со кој В.Б телефонски разговарал околу 15.50 часот, односно 20 минути по првиот разговор. Во тој разговор тој го информирал дека убил повеќе лица, дека тешко е ранет и дека нема да преживее,“ се додава во соопштението.

Во него се наведува дека и полицијата и понатаму ги испитува околностите дали смртта на В.Б настанала како последица на тешкото ранување од страна на полицискиот службеник или поради дополнително испален проектил на, за сега точно неутврден начин од страна на граѓанин.

Според пишувањата на црногорските медиуми, граѓанинот кој му го задал смртниот истрел на Бориловиќ е Ненад Нено Калуѓеровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

(Видео) Со ловечка пушка убил две деца и мајката, а потоа случајни минувачи во населбата: Сите детали за масакрот на Цетиње

Тридневна жалост прогласена во Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладиот милионер во Македонија има само шест години

Редакција

Заев: Се поизвесно е дека Бугарија ќе не блокира

Редакција

Од „скршено срце“ почина сопругот на една од убиените учителки во масакарот во Тексас

Редакција