Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека на состанок на Комисијата за заразни болести утрово е предложено полицискиот час викендов да трае од 19 навечер до 5 часот наутро.
Предлогот е доставен до Централниот кризен штаб на Владата, која на седница од 16 часот ќе одлучува за овој предлог.
Во однос на олабавувањето на мерките, кои би се применувале од понеделник останува, рече тој, да се следи состојбата денес, да се утврди дали ќе има повеќе од 5 проценти заразени од вкупниот број тестирања, како што се случи во претходниот ден, или е тоа само варијација.
Ќе се анализира состојбата од денешнот на утрешниот состанок и потоа, како што рече Филипче, ќе излезат со предлог-мерки до Штабот на Владата во однос на олабавувањето на мерките од почетокот на следната седмица.