еМагазин
Image default
Локално

Полог стана „куплерај“: Откриени 124 танчарки и придружнички од Украина, Русија, Шведска, Србија, Молдавија….

Во контролните активности на полицијата за откривање на странски државјани, кои непријавено престојуваат и работат, минатата година на тетовско-гостиварското подрачје биле откриени 124 женски лица.

Тие главно непријавено престојувале и работеле пред сè во угостителски објекти или го злоупотребиле туристичкиот престој.

Од СВР Тетово посочуваат дека во 2020 година реализирале редовни и акциски контролни активности за откривање и законско санкционирање на ваквите дела.

Во овие активности вкупно биле откриени вкупно 124, претежно женски лица. Од нив најмногу биле откриени на тетовското подрачје (99), а преостанатите 25 на гостиварското.

Според потеклото на земјите од кои доаѓаат, од нив 41 се државјанки на Република Србија, 38 од Република Албанија, 13 од Република Косово и девет од Украина. По седум државјанки од Република Бугарија, од Босна и Херцеговина и Русија, а меѓу откриените имало и по една државјанка на Молдавија и Шведска.

Според анализата на СВР Тетово, најмногу од откриените странски државјанки лани биле ангажирани како пејачки, танчарки или придружнички.

Најголемиот дел од нив го злоупотребиле туристичкиот престој, а некои од нив и непријавено престојувале на подрачјето.

Во активностите кои полицијата ги спровела, на сите изготвени им се соодветни поднесоци и се соочиле со законски предвидените санкции: парични глоби и со депортирање во нивните матични држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како ќе изгледа спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Редакција

Девојка – фантом откриена во „Мерцедес“ на Блаце

Редакција

Малолетници во Скопје силувале малолетник и тоа го снимале, а видеото го споделиле со неколку лица

Редакција