еМагазин
Image default
Македонија

Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Македонија

Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, Дуда ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вила Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Дуда и Пендаровски истиот ден ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.

Во рамки на посетата шефот на полската држава ќе положи венец на гробот на националниот херој Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Посетата на земјава, Дуда ќе ја почне вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Северна Македонија „Полониа“.

Пред да допатува во Скопје, полскиот претседател престојуваше во Црна Гора, каде во рамки на еднодневната официјална посета одржа средби со црногорскиот државен врв. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги достави уставните измени до Собранието: Што следи потоа

Редакција

До сега се вакцинирани 13.000 граѓани нема точни датуми кога ќе стигнат другите вакцини

Редакција

Лекарот Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил

Редакција