еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладото на 35 години: Од Ковид-19 починале 35 лица, 13 се вакцинирани

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 23 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица; Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1).

Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=35), 13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.444.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 806 оздравени од Ковид-19

267 се реинфекции: Нови 2.000 случаи на Ковид-19 од 5.779 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдени 44 мигранти во дом во кумановското село Ваксинце

Редакција

Почист воздух можеби ќе дишеме за 2 години

Редакција

Захариева го критикува Радев за свикувањето на Советот за национална безбедност за Македонија

Редакција