еМагазин
Image default
Македонија

Захариева го критикува Радев за свикувањето на Советот за национална безбедност за Македонија

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка од опозициската ГЕРБ во бугарскиот парламент Екатерина Захариева го критикуваше претседателот Румен Радев поради свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност за Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Захариева за БНТ изјави дека Советодавниот совет за национална безбедност не бил свикан од претседателот две години, што, според неа, е во спротивност со законот.

Захариева смета дека Радев требало да го свика Советот за најмалку четири теми – како што се кризата со Ковид-19, инфлацијата, кризата со цената на енергијата и конфликтите меѓу Русија, Украина и она што се случува во Казахстан. Според неа, тоа се многу поважни теми од Македонија.

Захариева беше категорична дека не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од Македонија, освен, како што наведе, ако само претседателот Радев гледа закана.

Таа рече дека за конфликтот во Казахстан се зборува во целиот свет, а само во Бугарија молчат претседателот и владата. Захариева додаде дека во Бугарија има бази на НАТО и дека нема ниту еден НАТО сојузник кој сака тензии во близина на нејзините граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот за национална безбедност на Бугарија денеска ќе расправа за Македонија

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица приведени под сомнение дека го предизвикале пожарот во Велешко

Редакција

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Редакција

„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега

Редакција