Еден од новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата е и Нури Бајрами, сопруг на сестрата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тој за медиумите изјави дека не е роднина со Џафери и дека нема ништо спорно во неговиот избор. Рече и дека немало да потклекне на никакви притисоци и дека ќе работи чесно и професионално.
Информацијата предизвика реакции на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Влезот во НАТО ќе потикне економски развој.
"Новоизбраниот член на Антикорупциска е баџанак на Талат Џафери".
— Arsim Zekolli (@ArsZek) February 8, 2019
Баџанакот на Талат Џафери избран во Антикорупциска комисија. Комисијата меѓу другото е одговорно да реагира на непотизам при вработување 😂😂😂😂😂😂😂 🇲🇰🇪🇺🇦🇱
— Игорче Развигорче (@Igor_rujo) February 8, 2019
Поради дефицит на кадри баџанакот на Талат го ставиле член на антикорупциска.
— Тетка Ики (@Tetkicai) February 8, 2019
„Имам човек во антикорупциска
аџанак, баџанак…
Кој му стиска нека појде
аџанак, баџанак… “-Талата Џафери, февруари 2019
— небиднинче ❤ (@nebidnina) February 8, 2019
Шала на страна, Талат Џафери досега излезе најдобар спикер што сме имале досега. Без ниеден скандал, примерно и совесно работење според закон.
👏👏👏
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) February 8, 2019
“Баџанакот на Талат Џафери избран за член на антикорупциска”
М Е Д Р А Н О!!!!!— Командант Марк (@milanzng) February 8, 2019
На кој му стиска нека дојде, аџанак баџанак pic.twitter.com/A2uhjq7N1V
— Мартиан (@MartianFromMKD) February 8, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Билјана Ивановска избрана за претседател на Антикорупциска, кои се другите нови членови
Фото: Собрание