еМагазин
Image default
Македонија

Поради изолација на еден од адвокатите на обвинетите, одложено судењето за предметот „Талир 2″

Поради изолација на еден од адвокатите на обвинетите во случајот „Талир 2″, денешното судско рочиште се одложи за 22 април.

Во „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски, кој е во бегство и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристоска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту еден македонски Бугарин не сигнализирал дека е дискриминиран, вели Бучковски

Редакција

Починаа 10 лица од Ковид-19, најмладиот на 49-годишна возраст

Редакција

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 725

Редакција