еМагазин
Image default
Балкан

Борисов се откажа од пратеничкиот мандат, неговата партија подготвена да предложи 5 кандидати за премиер

Бугарскиот премиер во заминување Бојко Борисов преку видео-стрим на својот Фејсбук профил објави дека поднел изјава до Централната изборна комисија, со која се изјаснува дека одбива да биде пратеник во новиот состав на бугарскиот Парламент во Софија.

Оваа изјава стана вирална по посетата на Борисов на манастирот Рила, каде разговараше со неговиот игумен Евлогиј и изврши инспекција на градежните поправки на патот кон Рилскиот манастир, што беше затворен поради лизгање на земјиштето.

Според Борисов, иако тој ги добил лидерските битки во двата повеќемандатни региони во кои е избран (Софија и Пловдив), тој нема потреба да ужива пратенички имунитет.

– ГЕРБ победи на изборите во 24 од 31 региона, а моите политички противници во 3, 2 и 1. Изборите се одржуваат со цел да се формира влада и да се има стабилна влада, за да може да се спроведе тоа што го велат политичарите. Ајде почитувајте се едни со други – зад секој политичар стојат гласовите на многу луѓе, повика Борисов.

Во утринскиот блок на БНТ, познат пратеник од ГЕРБ, Тома Биков, соопшти дека нивната партија е подготвена да предложи пет кандидати за премиерското место. Според Биков, ГЕРБ сега почнува да го одредува составот на својот преговарачки тим за консултации во новоизбраниот бугарски Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повикот од Борисов се јави Слави Трифонов: Ќе го следам Уставот

Борисов му понуди на Слави Трифонов да прави влада, ќе му позајми 10 пратеници

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора подготвена да прими бегалци во знак на солидарност со ЕУ

Редакција

Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа кога ќе дојде на власт

Редакција

Партијата на Трифонов и Каракачанов не се меѓу нив: Кои партии влегуваат во бугарскиот Парламент

Редакција