еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Поради коронавирусот, да не си Кинез деновиве

По светов поради корнавирусот се шири масовна хистерија за Кинезите. Едни од омилените туристи, сега полека, но сигурно, стануваат најнепожелните.

Од нив се откажуваат и соседите. Како што пренесуваат светските агенции тие не се добредојдени ни во Северна, ни во Јужна Кореја, каде дури е покрената петиција, ни во Јапонија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Не сме од Кина“: Тајванци се шетаа со натписи низ Шибеник

Ништо подобро за Кинезите не е ни во Европа, а и на Балканот. Пред неколку дена една од главните вести во Хрватска беше дека Тајванци се шетале со натпис дека не се Кинези, бидејќи биле целосно игнорирани од локалците.

Натписите кои пак ги пласираат балканските медиуми во врска со коронавирусот и Кина одамна ја поминаа границата на дискриминација и говор на омраза за Кинезите.

Ништо подобро не е и во Македонија. Страшни работи се споделуваат и пишуваат по социјалните мрежи. Само нечовек може да пишува такво нешто.

Никој не се прашува како е денес да си во кожата на еден Кинез. Како е да се живее во карантин и да неможеш никаде да излезеш. Какво е чувството кога на аеродром или на улица сите гледат само во тебе…

Денеска е коронавирусот, кој дојде од кинескиот град Вухан, утре нема дилема ќе дојде вирус од друг град, во некоја друга земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Сами се бодрат пеејќи: Емотивни снимки од кинескиот град Вухан кој е во карантин поради коронавирусот

Кои се симптомите на коранавирусот

Мапа открива застрашувачко ширење на корона вирусот: „Заразен“ и Блискиот Исток

Фото: Jeff J Mitchell/Getty Images News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството отвори истрага за барокната фасада на Владата

Редакција

(Видео) Русите на протести поради најавата на Путин за мобилизација, полицијата приведува

Редакција

За 24 часа собрани над 23 илјади долари за да се пренесе телото на Марко од САД

Редакција