еМагазин
Image default
Македонија

Поради Ковид-19 низ Македонија хоспитализирани 105 заболени

Сто и пет заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.

Во болницата во Струмица има седум пациенти со Ковид-19, во болницата во Прилеп шест, во Битола и Штип по четири пациенти, и по еден во болниците во Велес и во Струга.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател на Судскиот совет, констатирани оставките на Радевска-Стефкова и Герасимовски

Редакција

Регистриран нов позитивен на Ковид-19 во Маврово и Ростуше

Редакција

Најмалку три и пол месеци се потребни за уставни измени

Редакција