еМагазин
Македонија

Регистриран нов позитивен на Ковид-19 во Маврово и Ростуше

Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, регистриран е еден нов случај. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека тестот на лице, жител на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19.

Во најмалубројната гостиварска општина, по речиси двонеделна пауза, повторно беа регистрирани нови случаи на инфицирани со коронавирусот. Со последниот, вкупно четири лица од оваа општина се заболени.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 31. Во општина Гостивар активни се 14, а во Врапчиште 13.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 493 тестирања, а кај 52 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше.

Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот “влезе“ и во Лекарската комора, позитивни две лица

Советник од кабинетот на министерот Наќе Чулев позитивен на корона вирусот

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматичен раст: 518 нови случаи на Ковид-19 од 5.809 тестирања

Редакција

Заврши доказната постапка, завршните зборови за судскиот процес за пожарот во модуларната болница на 25 април

Редакција

Анкета на ИПИС: „За“ на референдумот за името ќе гласат 32,4% Македонци, а 80,9%Албанци

Редакција