еМагазин
Image default
Македонија

Поради малиот број на пациенти затворена модуларната ковид-болница во Велес

Модуларната болница која е во кругот на велешката Општа болница од денес е затворена поради намалениот број на хоспитализирани пациенти.

Како што информира портпаролот на болницата, д-р Елеонора Јованова понатаму сите пациенти на кои им е потрeбно болничко лекување, а се ковид позитивни ќе се хоспитализираат во ковид центарот на Инфективно одделение.

Инаку модуларната болница со капацитет од 47 кревети профунционира на крајот на февруари годинава.

Денеска вкупно се хоспитализирани 14 пациенти, од кои тројца се потврдени позитивни, двајца сомнителни и девет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се шест пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вулнет Мурсели кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Редакција

Нови 280 случаи на Ковид-19 од 3.929 тестирања

Редакција

Снегот го отежнува сообраќајот: Снежната покривка на Маврово и околината над половина метар

Редакција