еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради отсутво на еден од обвинетите одложено рочиштето за завршни зборови на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

За 10 мај се одложи денешното рочиште во Основниот суд во Тетово на кое требаше да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.

До одложувањето дојде поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими.

Неговиот адвокат кој беше присутен образложи дека Бесими поради здравствени причини не може да присуствува на судењето.

-Клиентот ме информираше дека има температура и треска и затоа барам одложување, истакна адвокатот.

Судијата Јордан Велковски наредното рочиште го закажа за 10 мај во 10 часот.

Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани пред речиси три недели односно на 6 април.

Минатото рочиште по завршување на сведочењата, судијата Јордан Велковски ги праша адвокатите, дали обвинетите ќе даваат исказ, на што бранителите одговорија дека обвинетите нема да даваат свој исказ.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Папа Франциск: Парите да се дадат за борбата против Ковид-19, а не за оружје

Редакција

Нови 254 случаи на Ковид-19 од 2.160 тестирања, во Скопје 111

Редакција

Нема да подржиме уставни измени по бугарски диктат не само сега, туку и во иднина, вели Мицкоски

Редакција