еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Поради поткуп од 2,7 милиони долари приведен претседателот на Врховниот суд на Украина

Претседателот на Врховниот суд на Украина, Всеволод Књазев е приведен за поткуп од 2,7 милиони долари.

Апсењето беше објавено вчера, денот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа. Зеленски најави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за пристапот на Украина во Европската унија е зголемена.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави дека заедно со Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата откриле корупција од големи размери во Врховниот суд.

„НАБО и САП открија голема корупција во Врховниот суд, имено – шема за добивање незаконски придобивки од раководството и судиите на Врховниот суд. Во моментов се спроведуваат итни истражни дејствија. Детали подоцна“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук..

Извор од органите за спроведување на законот потврди за украински медиуми дека претседателот на Врховниот суд на Украина, Всеволод Књазев, е прогласен за земање мито од 2,7 милиони долари.

Књазев ја презема функцијата од 1 декември 2021 година.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија не гледа причина да го смени ставот и бара исполнување на обврските

Редакција

Пак исечезнаа непалски работници од Скопје

Редакција

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Редакција