еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Студенти од неколку балкански земји демолирале хотел во Охрид

Хрватскиот портал „24 сата“ објави дека студенти од Србија, Хрватска и други балкански земји демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија.

Оштетен бил инветар, искршени биле прозорци, студенти дивееле по ходниците фрлајќи вазни и други предмети…, објави порталот.

Менаџерот на хотелот изјавил дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета. Во хотелот имало вкупно 1.250 студенти од 12 факултети за кинезиологија и кинезитерапија од целиот Балкан, а најбројни биле од Хрватска, 217.

– Знаеме дека станува збор за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале. Особено беа агресивни Хрватите, изјавил менаџерот.

Ситуацијата во хотелот ја смирувала обезбедувањето, а полицијата не интервенирала, вели менаџерот.

Видео: 24sata

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов ќе се поместат стрелките на часовникот: Останува зимското сметање на времето

Редакција

Најавените реформи во образованието неприфатливи и за Филозофскиот факултет

Редакција

(Галерија) Кунстхале Виена беше претесен да ги собере сите посетители кои дојдоа да ја видат солидарната колекција на МСУ

Редакција