еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Поради случаи на деца со тешки постковид компликации, во „Аџибадем Систина“ стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести

Поради случаи на деца со тешки постковид компликации во „Аџибадем Систина“ вчера во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести, информираат од болницата.

„Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки постковид компликации кои беа третирани во Клиничката Болница „Аџибадем Систина“.

Колегите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од Педијатриската Болница на „Аџибадем Систина’’ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата.

Со оглед на тоа дека манифестација на вирусот е непредвидлива сметаме дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваме дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации,“ се вели во соопштението.

За компликациите кај децата по прележан Ковид-19, информираше детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски на неговиот твитер-профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев со Битиќи и Зекири играше фудбал во Желино

Редакција

(Галерија) Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Редакција

Дали ќе има посебна вакцина против Ковид-19 и за децата?

Редакција