„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.
Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, објави денеска Врховниот суд.
Ова значи дека Врховен ја потврди пресудата изречена од Апелациониот суд за Јанкулоска. Таа со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири.
Во случајот „Тенк“, кој беше отворен од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), предмет на обвинение беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“.
Фото: Фејсбук/Јанкулоска