еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поранешниот директор на Финансиска полиција Ване Цветанов ја побарал манекенката Дунавка Трифуновска за жена во авион

Поранешниот директор на Финансиска полиција, Ване Цветанов, ја побарал манекенката Дунавка Трифуновска за жена во авион, на враќање од одморот во Турција, објави ММС.мк.

„Јас мислам дека најсилна врска меѓу нас е зрелоста, благодарение на искуството што го имаме во животот и во љубовта. Зрелоста, тоа што и двајцата знаеме што сакаме. И искреноста. Досега сме искрени сосема и функционираме. Тоа се оние темели кои направија таа почетна хемија, која беше видлива, да прерасне во голема љубов.

Бидејки едно е страст и хемија, друго е љубов и длабочина. Премногу бргу ги раздвиживме нештата за да ги најдеме фрекфенциите помеѓу нас. Многу важен беше нашиот поглед на светот и вредносниот систем кој ни е многу сличен, бидејки и двајцата, секој во својата област важиме за контравезни.

Но, она кое што го перцепира јавноста за нас е многу различно од она што сме. Тоа не врза силно и овозможи една искрена и длабока љубов“, изјавил Ване.

Нивната љубовна приказна ја откри Цветанов кога објави заедничка фотографија од нив двајца на одморот во Турција.

Дунавка пак, веќе прима честитки на нејзиниот профил на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Финансиска полиција Ване Цветанов и манекенката Дунавка Трифуновска не ја кријат љубовта

Фото: Фејсбук/Цветанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забраната за имињата на бугарските здруженија не е цензура и е уставна, оцени Уставниот суд

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска подготвуваше оброци во Народната кујна во Шуто Оризари

Редакција

(Видео) Спектакуларна ерупција со грмотевици на вулканот Кракатау

Редакција