еМагазин
Image default
Бизнис

Пораст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските кредити

Анализирано според намената на одобрените кредити на физичките лица, во октомври 2019 година, најзастапените категории, потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,3% и 0,9% соодветно, при годишен раст од 13,5% и 11,6%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечен пад од 0,5%, при годишен раст од 2,7%. Кредитите одобрени на кредитни картички на месечно ниво се зголемени за 0,5%, додека на годишно ниво се намалени за 2,6%. Во октомври, негативните салда на тековните сметки забележаа месечен и годишен раст од 1,4% и 2,2%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен и годишен пад од 0,6% и 8,7%, соодветно“, информираат од НБМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„СВ-Инвест“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за текнолошко чистење во РЕК Битола тежок 809.000 евра

Редакција

Уште една компанија треба да плати солидарен данок, кај осум се спровела присилна наплата

Редакција

Владата вработува, плата до 31.330 денари

Редакција