Поради одржување оперативно-тактичка вежба денеска во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 9:30 до 12 часот од страна на МВР и во координација со Амбасадата на САД.
Во овој период затворени ќе бидат улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до улицата „8 Септември“.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.