еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Пошта“ ја прифати понудата за соработка на „Халк Банка“, се чека согласност од Владата

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда за соработка на „Халк банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба.

– Упрвниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје, стои во соопштението објавено на веб страницата на Поштата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец на Светското првенство во фудбал во Катар

Редакција

Досега од вакцината на „АстраЗенека“ се дадени над 15 милиони дози, голем дел од европските држави продолжуваат со вакцинација

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Општина Чаир за набавка на патронажно-санитетско возило вреден 29.000 евра

Редакција