еМагазин
Image default
Бизнис

„Пошта“ објави до кои држави повторно може да се испраќаат пратки

Повторно е воспоставен прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа, информира АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје.

Оттаму истакнуваат дека се во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и оти своето меѓународно работење го прилагодуваат на постојната состојба откако пандемијата на Ковед-19 во државите ширум светот предизвика значителни промени и во меѓународното поштенско работење.

Од националната пошта ги повикуваат сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

Последната денешна ажурирана состојба покажува дека поштенски пратки може да се испраќат во Австрија, Албанија, Англијам Аргентинха, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Индија, Италија, Израел, Јапонија, Коосво, Летонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија, Хонг Конг, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска и Шпанија.

– АД „Пошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи, стои во објавата на веб страницата на поштенското претпријатие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СКМ сметаат дека многу повеќе компании може да искористат државна помош

Редакција

Квалитетот на градежните материјали и начинот на нивната употреба влијаат на безбедноста на градбите

Редакција

Ги губиме туристите, МНР нема никакви онлајн информации на англиски за влез во државава, реагираат туристичките работници

Редакција