Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98 за 1 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50, а Еуродизел БС (Д-Е V) 77 денари.
За 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,50 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини 42,262 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.