Денеска е последниот ден од вонредната состојба во државата, која траеше три месеци.
Претседателот Стево Пендаровски досега четири пати прогласи вонредна состојба, со цел Владата да може да донесува уредби со законска сила, кои се однесуваа на економската и здравствената сфера, поради тоа што Собранието е самораспуштено.
Тој вчера на прес-конференција објасни дека нема повторно да прогласи вонредна состојба, а и Владата тоа формално не го побарала од него.
Како што истакна Пендаровски, воведувањето на вонредната состојба, не е поврзано со зголемениот број на заболени од корона вирусот, ниту со карантинот, полицискиот час и мерките кои ги преземаат здравствените власти. Тие може да бидат воведувани независно од вонредната состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба
Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори