еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Постигнат е договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах

По трилатералните разговори во Москва на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, што денеска стапува во сила.

Во официјалниот документ потпишан во Москва се наведува дека Ерменија и Азербејџан се недвосмислено согласни за хуманитарен прекин на огнот.

Деталите дополнително ќе бидат усогласени, но хуманитарниот прекин на огнот ќе почне денеска со размена на воените заробеници, повредените и телата на загинатите.

Договорено е и да продолжат разговорите за траен прекин на огнот.

Преговорите во Москва, на кој учествуваа азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов и шефот на ерменската дипломатија, Зораб Мнацаканијан, траеа 10 часа.

Обновените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември.

Двете земји прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавуваат жртви, вклучително и цивили.

Судирот помеѓу Баку и Ереван почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах прогласи независност од Азербејџан.

За време на судирите од 1992 до 1994 година Азербејџан изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони.

Од 1992 година се одржуваат преговори за мирно решавање на судирите во рамките на Организацијата за безбедност и соработка Минск групата, со која претседаваат Русија, САД и Франција.

МИА/Фото: Caspian news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на врвот на листа на депортации од Германија, годинава депортирани 774 македонски држвјани

Редакција

Русија најави визи за „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија

Редакција

(Видео) Во Карбинци пронајдени 15.500 стебла марихуана, вредни над 5 милиони евра

Редакција