Повеќе од 40.000 лица, вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, на 14-ти декември, ќе организираат акција, во која што ќе се исчистат голем број на локации во градот Скопје и околината, како и во останатите градови во земјава, информираше потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на неговиот фејсбук-профил.
Бројните акции на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ очигледно вроди со плод за кревање на свеста за здрава и чиста околина, посебно од страна на обемната администрација, која може да се вклучи и волонтерски да даде свој придонес за подобра средина за живеење.
Фото: Фејсбук/Петров
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.