еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повредени се 35 мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија – Демир Капија

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот.

Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди.

-Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија, бидејќи некои имале патни исправи, а некои немале. Синоќа во 18:10 е пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија – Демир Капија. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите, изјави Трајанова.

Повредените биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

-Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето лицата се испратени во Прифатниот центар „Винојуг“. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје.

Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тоа е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлен во Прифатниот центар, изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.

Единаесет од повредените мигранти синоќа биле примени во струмичката болница, каде по укажаната помош се пратени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бетон“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улица „Благоја Стефковски“ вреден 265.000 евра

Редакција

Од Ковид-19 починале 20 лица, дополнително пријавени уште пет

Редакција

Од утре до петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните и вечерните часови

Редакција