еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Повторно гранатирано централното подрачје на Киев

Централниот Шевченковски реон во главниот град на Украина рано утринава беше погоден од експлозии, вторпат во една недела, а градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека се оштетени неколку станбени згради.

„Спасувачите се на самото место”, напиша Кличко во Телеграм, додавајќи дека како последица на напад со дрон избувнал пожар во зграда каде нема жители. Во моментов нема извештаи за жртви.

Во Шевченковски реон има многу универзитети, студентски кафулиња и ресторани. Областа беше погодена и минатиот понеделник од неколку експлозии, кога Русија ја нареди својата досега најголема воздушна офанзива против украинските градови како одговор на експлозијата на мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим.

МИА/Фото: МНР на Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 71 бремени жени заболеле со Ковид-19, без симптоми биле 32

Редакција

(Фото) Прогласени победниците на Златно тркало 2025: Кои се најпосакуваните автомобили во Македонија?

Редакција

Музика од филмовите на Стенли Кјубрик: Kонцертот на Филхармонија во Градски парк ќе се одржи на 19 јуни

Редакција