еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повторно се одлужи судењето за Канческа-Милевска, кое трае пет години

Повторно се одложи судењето за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа-Милевска, поранешна министерка за култура, пренесува Макфакс.

Откако стигна супервештачењето од Бирото за судски вештачења, на вчерашното рочиште не се појави вештак кој требало да сведочи. Судијата Осман Шабани ново рочиште закажа за 23 дена.

Во Бирото за судски вештачења предметот „Тендери“ беше повеќе од пет месеци. Ова доведе до низа одложени рочишта. Тие направија супервештачење поради две спротивставени вештачења. Предметот се суди половина деценија. Ако се види хронологијата на рочишта, досега, предметот пет пати се судел одново поради протек на 90 дена од последно одржано рочиште, пишува Макфакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето на Канческа-Милевска за „Тендери“ повторно одложено, не било готово супервештачењето

(Фото) Канческа-Милевска, Антиќ, Тодевска на мекици кај Мијалкови за првата внука

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 134 случаи на Ковид-19, тројца починати и 144 оздравени лица

Редакција

Чулев: Ќе се преземат мерки за евентуално пречекорување на полициски овластувања во Струга

Редакција

По повикот на Путин за мобилизација: Билетите од Москва до Белград во еден правец се продаваат и по цена од 5.600 долари

Редакција