еМагазин
Image default
Локално

Пожар во фабрика во штипската ТИРЗ, двајца се здобиле со телесни повреди

Пожар избувнал околу 10 часот во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Според портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска примени се двајца пациенти со телесни повреди, кои веднаш биле прегледани од лекарите.

-Во болницата се хоспитализирани двајца пациенти со телесни повреди, прегледани се од доктор Серафимов и доктор Николов, направени се компјутерска томографија и лабараторија, вели Шуманска.

Според информации од пожарникарот, Славчо Делов пожарот кај нив бил пријавен околу 10 часот, по што тие реагирале и целосно го изгаснале најдоцна до 11 часот.

-Некаде околу 10:00 часот беше пријавен пожар во фирма во индустрискиот дел на Штип. Од наша страна е интервенирано со две возила и четири пожарникари. Дојавата беше дека има запалена печка и кровна конструкција. Отидено е на лице место, пожарот е локализиран и изгаснат, сѐ во најбрзо време, вели Делов.

Во моментов не се знае колкава е материјалната штета предизвикана од пожарот во фабриката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево се подготвува со ружи да ги пречека маратонците кои ќе трчаат во чест на Тоше

Редакција

20-годишен насилник претепал тројца ученици во Кисела Вода

Редакција

48-годишен маж од Штип пронајден починат во стан во Скопје

Редакција