еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 473 случаи на Ковид-19, оздравени 513, тројца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа аправени се 1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на Ковид-19: Скопје – 204, Битола – 37, Охрид – 31, Куманово – 21, Снтрумица – 20, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Кочани – 14, Велес и Кичево – по 12, Тетово и Гевгелија – по 11, Штип – 9, Неготино – 7, Радовиш – 6, Струга, Ресен, Свети Николе и Берово – по 5, Гостивар, Делчево и Виница – по 4, Крива Паланка и Кратово – по 3, Демир Капија – 2, Дебар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 114 реинфекции.

Регистрирани сe 513 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола – 30, Куманово – 29, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Струмица и Велес – по 18, Неготино – 16, Прилеп – 15, Гевгелија – 14, Штип – 13, Кичево – 12, Тетово – 11, Радовиш и Виница – по 8, Кочани – 7, Крива Паланка – 6, Делчево – 5, Ресен и Берово – по 3, Свети Николе, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Кратово, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Скопје (76г), Охрид (70г) и Прилеп (93г). Две лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројот на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440, а бројот на активни случаи изнесува 3.440.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Добредојдовте администратори на Цар Борис“: Левица го пречека Петков со герила акција

Редакција

171 нови случаи на Ковид-19 од 2.357 тестирања, бројот на активни случаи е 10.308

Редакција

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште

Редакција