еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците постигнаа консензус за поголема транспарентност и отчетност на Собранието

Мнозинство пратеници во Собранието неодамна ги поддржаа предлозите за измена на Законот за Собрание со кои што ќе се подобри транспарентноста и отчетноста во работата на законодавниот дом на земјата.

Амандманите, поднесени од партии од власта и од опозицијата, што вклучуваат одредби со кои ќе се зајакне институционалната буџетска независност и ќе овозможат поквалитетен собраниски ТВ-канал, беа изгласани од сите 73 пратеници присутни на минатонеделната седница.

Овие подобрувања се клучни компоненти во 10-годишниот проект „Програма за парламентарна поддршка“.

– Работејќи во име на граѓаните, посветеноста на Собранието за подобрување на транспарентноста и отчетноста се потврдува со мерки што ја зајакнуваат буџетската независност на институцијата и ќе донесат собраниска ТВ-програма со подобрен квалитет.

Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Швајцарија, работи во партнерство со Собранието поддржувајќи го дијалогот за политиките со цел да се постигне политички консензус и обезбедува техничка, материјална и финансиска помош, истакна Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ Северна Македонија.

Програмата за парламентарна поддршка со својата помош цели кон пет области: институционален развој, дијалог за политики, надзорна и законодавна улога, транспарентност и отчетност.

Неодамна изгласаните амандмани, на граѓаните, граѓанското општество, вклучувајќи ги и маргинализираните групи, ќе им обезбедат можности за да ја зголемат својата вклученост во работата на Собранието.

Уште еден исчекор што ќе придонесе кон зголемена транспареност и отчетност е и потпишувањето договор за набавка на 60-лаптоп компјутери за службата во Собранието. Оваа набавка, што е финансиски поддржана од Швајцарија, има за цел да ги подобри стратешките напори на Собранието за дигитализација на работниот процес и за креирање смарт-решенија за функционирање.

Експертизата од обласата на информатичката технологија од Северна Македонија и проектните партнери, како Швајцарското федерално собрание, естонскиот „Риигикогу“ и латвиската организација „МанаБалсс.лв“, исто така, ќе придонесат во чекорите за дигитализација со кои што Парламентот ќе биде потранспарентен и поотчетен кон граѓаните.

Поврзано со остварувањето на истите цели, со швајцарска финансиска поддршка, Собранието неодамна објави повик за набавка на опрема за новото ТВ-студио што е во план да се опреми во институцијата. Во оваа насока, технички дијалот со заинтересираните учесници е планиран за 4 август во 11 часот.

Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија „Социетас Цивилис-Скопје“.

За „Програмата за парламентарна поддршка“

„Програмата за парламентарна поддршка“ е 10-годишен проект што ќе ги поддржи напорите за независност на Собранието на Северна Македонија преку градење консензус, структурни реформи и зајакнување капацитети.

Проектот ќе го поддржи институционалниот развој на Собранието, неговите законодавни и надзорни улоги и неговата институционална транспарентност и отчетност.

Вкупната цел на проектот е да му помогне на Собранието во стекнување институционален кредибилитет и доверба во јавноста со зачувување на интересите и потребите на граѓаните и со поконсензусно ориентирана и инклузивна дебата и донесување одлуки.

Проектот се спроведува од Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија „Социетас Цивилис-Скопје“ со институционално партнерство од Швајцарското федерално собрание, Европскиот парламент, естонскиот „Риигигогу“, германскиот Бундестаг и граѓанската организација со седиште во Латвија, „МанаБалсс.лв“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвор и конфискација на имотот на Мијалков за случајот „Трезор“ побара Обвинителството

Редакција

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Џафери во 17:30 часот ќе ги распише претседателските избори

Редакција