Преговорите за мир во Украина се можни само доколку имаат за цел да воспостават „нов светски поредок“ без американска доминација, изјави во Турција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Преговорите може да се случат само ако се земат предвид руските интереси“, рече Лавров на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Станува збор за принципите на кои ќе се заснова новиот светски поредок“, објасни рускиот министер.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.