еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Прекинат е далечинскиот пренос на податоци: Што се случува во Чернобил, една од нуклеарките во Украина

Прекинат е далечинскиот пренос на податоци од системите за следење на заштитните мерки инсталирани во нуклеарната централа Чернобил, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Агенцијата го разгледува статусот на системите за следење на заштитните мерки на други локации во Украина и наскоро ќе обезбеди дополнителни информации.

Заштитните мерки се однесуваат на сферата на работата на МААЕ во чии рамки се следи движењето на нуклеарен материјал.

„Во врска со статусот на оперативните нуклеарни централи на Украина, регулаторот рече дека осум од 15-те реактори во земјата работат, вклучително и два во нуклеарната централа Запорожје која од минатата недела е под контрола на руските сили, и дека персоналот на централите работи во смени. Нивоата на радијација на локациите се нормални“, се вели во соопштението на МААЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Може ли да ни се случи „втор Чернобил“, Украина има четири големи нуклеарни централи

(Видео) „Престанете да пукате, ја загрозувате безбедноста на целиот свет“: Ново видео од нападот на нуклеарката Запорожје

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 за 24 часа починаа 14 лица, дополнително пријавени уште 9

Редакција

Зеленски ги соопшти условите на Украина за ставање на крај на војната

Редакција

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

Редакција