еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина планирала воена интервенција во Донбас, тврди Русија

Руското Министерство за одбрана (МО) денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас.

„Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.

Според него, станува збор за тајна наредба потпишана од командантот на Националната гарда на Украина, генерал-полковник Микола Балан, датирана на 22 јануари оваа година.

Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до 28 февруари да заврши борбената координација на украинските националисти, за да се обезбеди реализација на офанзивни задачи во рамки на украинската „операција на здружените сили“ во Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската Амбасада бара доброволци од Македонија да војуваат во Украина, учеството во странска војска кај нас е кривично дело

Прекинат е далечинскиот пренос на податоци: Што се случува во Чернобил, една од нуклеарките во Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Симнато знаме на МПЦ од храмот на Попова Шапка и ставено знамето на Албанија

Редакција

Го прекрши ли Џафери Деловникот со одложувањето на гласањето за уставните измени

Редакција

Европскиот парламент со резолуција бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности на изборите во Србија

Редакција