еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Премиерот Димитар Ковачевски во Берлин беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствува на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес.

Првиот Самит за Западен Балкан се одржа исто така во Берлин во 2014 година, а целта на годинешниот Самит, се наведува во соопштението од владинната прес-служба, е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска во Берлин почнува Самитот за Западен Балкан: Кој се е во македонската делегација

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студено и врнежливо време неделава, раст на температурите се очекува за престојниот викенд

Редакција

Цунамито државни вработувања продолжува и во 2019 година

Редакција

Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем

Редакција