еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Препораката за ослободување од работа на ранливите групи граѓани продолжена до 27 јули

Владата на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, се продолжува да важи во периодот до 27 јули.

– Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година.

Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, информира владината Прес-служба.

Како што се посочува во соопштението од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се изземаат хронично болните лица.

– Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бранко Црвенковски: Бугарија денес сака преку ЕУ да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни

Редакција

Ѓорѓи Јованов купи акции од „Алкалоид“

Редакција

Уставен го поништи, министерот Лога пак ќе го враќал Упатството за водење на матични книги

Редакција